Кои сме ние
Пет вет е модерна амбуланта, со целосна услуга за вашите крзнени пријатели која нуди медицинска, хируршка, стоматолошка и превентивна нега. Обезбедуваме пријателска, соседска средина со акцент на услугата. Нашите ветеринари и персонал се грижи секој клиент да добие премиум нега и третман.
Јави се

Нашата цел: Здрави & среќни миленици
Знаеме колку ви значат вашите миленици. Затоа треба да имаат пристап до прифатлива ветеринарна нега што одговара и на вашиот животен стил и на вашиот буџет.
Донесете го вашето куче или мачка кај нас во Пет Вет Аеродром и ќе добиете премиум грижа и третмани
Задоволни клиенти
Годишно искуство
Часови поддршка и совети

Нашите услуги
Рентген дијагностика
ЕХО дијагностика
ЕКГ
Хируршки интервенции

Чистење забен камен
Лабораториска дијагностика
Прегледи и совети
Вакцинации и лекување
Тимот на Пет Вет Аеродром

Денис Османов
ВетеринарНајчесто поставувани прашања
- Како да се справувам во итни ситуации?
Во итни ситуации, не се обидувајте да му дадете на вашето милениче било каков лек, веднаш јавете му се на вашиот ветеринар или упатете се кон него. Тој ќе му помогне на вашето милениче.
- Дали треба да го вакцинирам моето милениче?
Да! Така му обезбедувате здрав и долг живот на вашиот миленик. Го заштитувате од различни болести. За кучињата, вакцинацијата започнува во шестата недела, а кај мачињата околу осмата недела.
- Дали моето милениче треба да го носам на редовни прегледи?
Редовни прегледи и превентивни третмани, како што се вакцинациите, може да помогне да се спречат многу болести и здравствени проблеми кај домашните миленици како и рано откривање и лекување на болести.
- Микрочипирање да или не?
Микрочип е трајна лична карта на вашето домашно милениче. Обезбедува сигурност и заштита во случај на губење на миленикот и доколку сакате да патувате надвор од државата, потребно е вашиот миленик да биде чипиран.
- Колку често да го бањам моето куче или маче?
Во зависонст од расата или крзното на вашето куче, зависи и колку често треба да го бањате. Некои раси бараат еднаш месечно, некои на два месеци... За разлика од нив, мачињата не треба воопшто да ги бањате, вашата мачка сама се грижи за нејзината хигиена!

Контакт
Локација
Бул.Јане Сандански 61(Во кулите позади Capitol Mall)
Скопје, Северна Македонија
Телефон
+389 2 245 1099
+389 70 265 872